• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Колку денови годишен одмор се препорачува
Колку денови годишен одмор се препорачува

Колку денови годишен одмор се препорачува

Кога го планирате годишниот одмор, една од главните работи на која мислите е колку долго ќе бидете на одмор. Одите ли на викенд, една недела или подолго од тоа?

Спрема истражувањата кои се објавени во магазинот “Студии за среќа” постои совршено траење на годишниот одмор кое има благотворен учинок на Вашето здравје.

Истражувачите од еден холандски универзитет велат дека одморот треба да трае осум денови.

Во експеримент во кој учествувале 54 испитаници утврдено е дека здравјето и благосостојбата се зголемуваат за време на одморот, а на осмиот ден го достигнуваат самиот врв.

Авторите на студијата заклучуваат дека позитивниот ефект од летниот годишен одмор е краткотраен, но дека самото искуство од одморот, односно опуштањето е важно за енергијата која ни е потребна откако позитивните работи од одморот ќе пројдат.

“Честите одмори можат да бидат важни за одржување на здравјето и благосостојбата“ е заклучокот на студијата.

Во превод, на здравјето и благосостојбата не влијае само траењето на одморот, туку и самата важност да одите на одмор што почесто, па дури и кратко.