Колку е вашето бебе дружељубиво
Колку децата се пријателски расположени?
Нема сомневање дека бебињата се родени да ја шармираат и воудушевуваат средината. Тие имаат своја личност и карактер од раѓање, што со време доаѓа до израз. Некои се повеќе плачливи, некои се помалку, други се тивки и добри, а исто така има и бебиња кои се доста немирни.
На два месеци, кога почнуваат да се насмевнуваат, се подготвени да запознаат други луѓе. Тие сакаат да ги посматраат и проучуваат луѓето и јасно им даваат до знаење со насмевка или плач дали некој им се допаѓа или не.
Исто така, многу рано може да укажуваат на тоа дали и колку ќе бидат дружељубиви, односно дали тоа сака да биде во друштво и брзо да го прифати непознатото лице, или им е потребно повеќе време да го прифати непознатото лице.
Кога е време да бебето почне да се “дружи”?
Планирајте го вашето дружење кога вашето бебе е најрасложено, после спиење, јадење …
Многу е важно постепено и бавно да се шири кругот на “пријатели”.На некои деца им е пријатно кога има непознати лица во нивната средина, додека други покажуваат знаци на нервоза и дури и плачат кога нема да ги видат бабата или дедото неколку дена, и ги доживуваат како непознати лица. Затоа, никогаш не инсистирајте на дружење ако детето плаче или вриска во нечије друштво, бидејќи може да се случи да создаде страв од луѓе.
Обидете се да планирате дружење кога претпоставувате дека бебето ќе биде во добро расположение (после спиење, по јадење …).
Зошто бебињата сакаат постари деца?
Бебињата едноставно ги сакаат децата кои се постари од нив. Тие сакаат да им се смеат на нив, да ги гледаат и да се обидуваат да го имитираат она што го прават. Тие им се најдобар модел, кога почнуваат да одат, зборуваат, јадат, и ако бебето нема постар брат или сестра, повикајте ги соседите или роднините и ќе бидете изненадени од Вашето дете што се ќе направи посматрајки ги.
Што треба да направам ако моето бебе е премногу срамежливо?
Тоа често се случува на бебињата, особено на возраст од 8 до 12 месеци, се чувствата срамежливо кога ќе се најдат во друштво на непознати лица. Врвот на ова чувство е околу 18 месеци, а подоцна се намалува.
Тоа не значи дека детето има проблем да се социјализира, но можно е дека причината е премногу приврзаност кон родителите.
Во такви случаи, важно е да се подготват гостите дека бебето е малку срамежливо и полека да му пријдат на бебето, за да не се плаши. Исто така, никогаш не оставајте го детето со непознати лица, ако знаете дека има страв од непознати лица.