КОЛКУ Е ВАЖНА ИСХРАНАТА ВО ТЕКОТ НА ДОЕЊЕТО
Како да се храните додека го доите своето дете….
Треба да јадам повеќе додека дојам?
Каква храна треба да внесувам во текот на доењето?
Дали треба да земам витамини додека дојам?
Треба ли да му давам D витамин на бебето?
Дали треба да јадам повеќе додека дојам?
Нема потреба да јадете за двајца, исто како и во текот на бременоста. Најважно е да јадете разновидна храна, богата со протеини, да јадете многу овошје и зеленчук, а да избегнувате храна која поправа, и нема нутритивна вредност. Погрешно мислење е дека треба да се јаде повеќе и дека постојат продукти кои го зголемуваат количеството на млекото (пиво, кисело тесто…..)
Каква храна треба да внесувате во текот на доењето?
Во исхраната треба да бидат застапени сите видови на храна, со доволна количина на белковини, овошје и зеленчук. Пробајте да јадете здраво: белиот леб заменете го со црн, грицките заменете ги со овошје, масната и тешка храна смалете ја на минимум или исфрлете ја, но затоа внесувајте што повеќе зеленчук и храна со влакнеста структура.
Наместо газирани и вештачки пијалоци, пијте вода, лимонада и природно цедени сокови.
Исфрлете ја храната која подува (грашок, грав, зелка) смалете го внесувањето на кафето, чоколадото, биберот, лутите пиперки, чили и други јаки зачини-бебето може да има грчеви поради таквиот вид на исхрана.
Дали треба да земам витамини додека дојам?
Пред се потребно е правилно да се храните-квалитетно и доволно. Ако внесувате доволно овошје и зеленчук, не е потребно да се земаат дополнително витамини. Сепак, витаминското дополнување нема да ви штети, особено ако сте били слабокрвни во текот на бременоста. Ако сакате да пиете витамински терапии, продолжете со тие кои сте ги пиеле и во текот на бременоста, тие имаат добро избалансиран состав и за периодот на доење.
Треба ли да му давам на бебето D витамин?
Да, препорака од лекарите е да им се дава на бебињата D витамин, особено во зима. Со овој витамин треба да се почне кога бебето ќе наполни 15 дена. Со детскиот лекар кој го надгледува развојот на вашето бебе разговарајте за тоа кога да го воведете D витаминот и кој препарат да го давате.