Колку количката за бебе може да го успори развојот на мозокот?
Колку количката за бебе може да го успори развојот на мозокот?
Денес, излегувањето со бебе е скоро незамислив без количка која на родителите им го олеснува одморот со бебето/детето надвор од својот дом. Меѓутоа, стручните лица предупредуваат дека пречестото користење на количка и предолгото седење во нив може негативно да влијае на бебешките вербални и моторички вештини а може да влија врз растот на бебшкиот мозок.
Ова предупредување го има објавено британскиот неуропсихилог Sally Goddard Blythe. Координацијата, вниманието, фината моторика и рамнотежа се формираат во првите 36 месеци од животот кои се поврзуваат со успехот на училиште, но и со когнитивните способности во животот-Вели Blythe.
Бебето треба слободно да се движи со што би го истражил светот околу себе но и друштвената интеракција-пеењето, разговорот, што е навистина важно за нивниот физички развој.
Умереноста е многу важна!
Секако, користење на количката и седиштето за во кола е повеќе од неопходно бидејќи претставуваат помагала во секојдневниот живот. Проблемот не е во користењето на количката туку времето кое детето го поминува во количка.
Многу студии покажале дека децата брзо ги развиваат јазичните способности доколку количката е свртена према родителите и имаат можност за комуникација.
Важно е да се поттикне физичкиот и вербален развој на детето и да му се даде прилика слободно да се движи, да учи и да ужива во активните игри.