
Колку оброци треба да има бебето?
Како би внело доволно хранливи материи во текот на денот, потребно е бебето да има повеќе мали оброци. Желудникот на бебето е мал и не може да прифати премногу храна, додека остатокот од системот за варење сеуште е во процес на развивање, па не треба да го преоптеретуваме.
Кај бебињата на возраст од 6 до 8 месеци на кои млекото (мајчино или адаптирано) им е и понатаму главна храна (кое задоволува половина од потребите за храна) би требало да им се воведат дополнителни 2-3 оброци. Препорака е тоа да биде еден солен оброк, еден оброк во облик на овошна кашичка и една кашичка со житарки. По овој период се воведуваат 3-4 дополнителни немлечни оброци за бебето.
Бебињата кои се хранат со млечна формула би требало да внесат од 300 – 500 милиграми млеко дневно доколку сеуште не внесуваат доволна количина на немлечна храна во текот на денот. Во случаите кога бебето ќе изеде доволна количина на немлечна храна во текот на денот, доволни се од 200 до 400 милилитри млечна формула на ден.