
Колку повеќе ги прегрнувате своите деца тие стануваат се попаметни
Ако сакате да ги прегрнувате децата – правете го тоа секогаш, не престанувајте. Еден ден ќе ви бидат благодарни за тоа. Спрема најновите истражувања, прегратката, тој облик на физичка приврзаност, многу е важен за развојот на децата.
Со научни истражувања утврдено е дека:
Прегратката и нежноста кон децата предизвикуваат силна реакција во мозокот која им помага на децата побрзо да се развијат.
Да се сака своето дете и да бидеш нежен спрема него не е само убаво и хумано, туку и многу корисно.
Стручните лица објаснуваат дека овој едноставен чин има огромно влијание на детскиот мозок.
Кога се прегрнуваме, хормонот окситоцин, кој предизвикува позитивни емоции, се ослободува во огромни количини и допринесува да се зајакне врската помеѓу мајката и детето.
Недостатокот од прегратки може негативно да влијае на детето, да ја намали неговата самодоверба и да ја направи тешка неговата комуникација со другите луѓе.
Треба да се знае дека секој пат кога ќе прегрнете некого, вие не покажувате само зближување со него, туку го зголемувате и нивото на окситоцин и го подобрувате целосното психичко здравје.