ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Колку просечно спијат родителите на бебе?
    Колку просечно спијат родителите на бебе?

    Колку просечно спијат родителите на бебе?

    Колку е вашиот просечен сон?

    Родителите на доенчињата спијат само четири часа и 44 минути во просек ноќе во првата година од животот на бебето, според една британска студија. Две третини од испитаниците изјавиле дека поради оваа причина доаѓа до кавга со нивниот партнер.

    Во првите 12 месеци од животот на детето, мајката и таткото спијат 59 проценти помалку од препорачаните осум часа спиење навечер, а со тоа се “губат” околу 50 ноќи кои требало да ги  отспијат во таа година. Истражувањата покажаа дека на типичен родител му требаат околу 54 минути за да го заспие бебето, на што”трошат” околу 14 дена во годината, пишува Индепендент.

    Студијата покажа дека недостатокот на сон може да предизвика проблеми во односите, а две третини од испитаниците се изјасниле дека тие се расправаат со партнерот поради будења во текот на ноќта и заспивањето на детето повторно.

    Студијата, која беше спроведена од страна на Симба, покажа дека 23 отсто од испитаниците сметаат дека недостатокот на сон во текот на првата година на детето доведува да се однесуваат “малку чудно”.

    Дури 64 проценти се изненадени како функионираат така како што функционираат во првата година од животот на бебето.