Колку слатки смеат да јадат децата?
Ако децата се прашуваат, слатки ќе јадат за појадок, ручек и вечера секој ден. Научете колку слатки на ден е премногу и кои се здрави алтернативи за “омилениот оброк” …
Речиси и не постои дете кое не сака слатки, но самото тоа може да биде многу исцрпувачки за родителите кои не знаат како да постават лимит, и постојано кријат наоколу по куќата,чоколади, бонбони и други слатки … Важно е да се научат децата на умереност, како подоцна во животот нема да има проблеми со нездрави навики.
Колку слатки е доволно за детето?
Во ред е да им дадете слатки на децата понекогаш, но не секој ден. Зачувајте ги за посебни прилики и сервирајте ги во мали делови. Големината за предшколските деца е малку помала од половината за возрасните. Ако имате мало дете мерки се: чоколадце, едно или две колачиња, или мал сладолед во корнет.
Како да се справите кога се во прашање слатките?
Обидете се да му дадете на детето некои поздрави продукти наместо слатки, што може да биде алтернатива. Може да биде печено јаболко, полиено со темно чоколадо и сецкани лешници или да направите сладолед од сто проценти природен џус.
Исто така, не користете слатки како награда или казна. На овој начин, слатките даваат посебна вредност, давајќи им предност пред другите видови на храна.
Се разбира, тоа е подеднакво важно да се напомене дека децата мора пред јадњето слатки да внесат доволно хранливи материи. Шеќерот во слатките го ослободува инсулинот, со што се зголемува апетитот.
Поставете граница за тоа колку слатки се доволни. Ако детето побара повеќе благо, едноставно одговорете “Не!”
Пазарење со деца
Ако одите на шопинг со вашето мало дете, бидете подготвени да морате да купите нешто закуска, слатка секако. Обидете се да купите нешто здраво и да пазарувате откако детето ќе јаде. Бирајте каси покрај кои нема слатки. Децата се премногу мали за да знаат што смеат и што не. Ова ви го олеснува изборот на некои закуски што знаете дека се добри и дека ќе му се допаднат на вашето дете. Нека детето избере нешто од тоа.
Исто така, ограничете го бројот на слатки и закуски што ги чувате дома, не купувајте сè и сèшто.
Кои се здрави алтернативи за слатки?
Свежо или суво овошје, како што се кајсии, грозје и јаболка.
Незасладен јогурт помешан со лажица џем, свежо овошје или мед.
Шејкови направени од нискокалорично млеко или јогурт и свежо овошје.
Леб од цело зрно со цимет. На лебот додадете тенок слој путер, посипете одозгора малку цимет или кафеав шеќер и истостирајте го.
Крекери или кекси со путер од кикирики, црно чоколада или нискомаслено сирење.
Замрзнат јогурт со боровинки и ореви.