Колку сон му е потребно на бебето
Научете го детето на здрави навики за спиење…
Во првите месеци на животот бебето спие и по 7 часови во текот на денот.
Родителите често се загрижени дали нивното дете доволно спие и колку е потребно да спие?
Постои општ водич, колку вашето бебе дневно треба да спие. Секако за секое дете е различно, на некое му е потребно повеќе на некое помалку сон.
Во првата година, поточно во првите месеци бебето спие многу во текот на денот, па ви се чини дека спие по цел ден, а кога детето е поголемо се продолжува ноќното спиење.
Новороденче до еден месец: во првите недели, вашето дете ќе спие околу 15-16 часа дневно. Околу осум часови во текот на ноќта (со повремено прекинување за хранење, пресоблекување…) и околу седум часови во текот на денот (секако не сите седум часа одеднаш, часовите се распоредени во текот на денот)
Бебе до три месеци:на вашето бебе сеуште му е потребно околу 15 часови сон, со тоа што ноќниот сон се продолжува на околу 9 часа (со ноќно повивање, доење…), а дневното спиење е малку скратено.
Бебе до шест месеци: на шестомесечното бебе потребно му е 14-15 часови сон на ден. Меѓутоа, сега ноќното спиење трае околу 11 часови, а дневното околу 3-4 часа. Сега бебето е многу поживо во текот на денот.
Бебе до девет месеци: деветомесечното бебе потребно е да спие околу 14 часа. Бебињата на оваа возраст спијат 11 часа ноќе, но се будат поретко, поразлични се периодите кога им излегуваат запчињата, кога им е ладно во текот на ноќта и ако почувствуваат глад.
Бебе до 12 месеци: децата од една година спијат околу 2-3 часа во текот на денот (обично во попладневните часови, или околу еден час претпладне и еден час попладне) а во текот на ноќта околу 10-11 часа.
Дали можам нешто да направам моето бебе наутро да спие подолго?
Повеќето родители се жалат како нивното бебе се буди многу рано наутро. Постојат две врсти на бебиња, оние кои се будат рано и оние кои се будат пред да се наспијат.
За да бидете сигурни дека вашето бебе е доволно наспиено, следете ги неговите реакции во текот на денот. Ако изгледа поспано, или повторно заспие час-два после будењето можно е нешто да му смета, па потрудете се да ја разберете причината (постои можност да му смета светлото наутро, или му е полна пелената, или ќе ја разбуди некој од домашните кој станал рано).
Ако ви смета што вашето дете станува рано, пробајте постепено да го поместувате одењето во кревет, поготово ако бебето оди на спиење околу 7-8 часот навечер, потполно е нормално околу 5-6 часа за да биде одморено и расположено. Меѓутоа, водете сметка вашето бебе да не заспива многу доцна, најдоцна до 10 часот да е заспано.
Дали можам да го научам детето на здрави навики на спиење?
Детето веќе од шести месец треба полека да се навикнува на секојдневниот ритуал на спиење. Таа стратегија би требало да подразбира:
Ноќен ритуал
Вашето дете би требало секоја вечер во отприлика исто време да оди на спиење. Секоја вечер правете ги истите ритуали, па и ако не сте дома. Децата сакаат кога не им се менуваат ритуалите, поточно сакаат кога можат да предвидат кога што ќе се случи.
Дневен распоред
Пробајте да направите план кога детето во денот спие, јаде, си игра, се капе, и оди да спие. Кога се придржувате на некои дневни правила, детето со време ќе научи кога што работи, значи кога е време за спиење, па нема да биде нервозно, да плаче…
Научете го детето само да заспива
Пробајте постепено да го научите детето само да заспива. Тоа не само што ќе биде корисно за вас, бидејќи нема да морате навечер да го лулате, носите, да му пеете, тоа ќе биде корисно и за детето. Во тој случај детето и ако се разбуди во текот на ноќта, нема да плаче и да ве бара, ќе може да се смири само.