Колку сон му е потребно на вашето бебе?
Не постои универзално правило кое педијатрите го препишуваат како количина за сон на вашето бебе. Некои бебиња спијат повеќе, некои помалку. Секое бебе има свој природен ритам кој одговара на неговиот карактер. Водете се од природата и научете како да препознаете што е најдобро за вашето бебе.
Спиењето е важно за децата бидејќи влијае на психичкиот и физичкиот развој. Ритамот на будење и спиење е регулирано со ритамот на денот и ноќта, а прилагодувањето започнува отрпилика околу шестата недела од староста. Циклусите на спиење се средуваат после третиот до шестиот месец. Нормлано е дека доенчето старо три- шест месеци често пати се буди во текот на ноќта.Колку всушност е потребен сон за вашето бебе?
Бебињата поминуваат 50% од времете во фаза на активен сон
Малото дете сонува случувања кои се случиле во текот на денот: хранење, бањање, промена на пелена, играње и така повторно ги проживува и учи од тие искуства. Тоа се вика РЕМ фаза или активен сон за време на кој е мозокот активен и кога сонуваме. Бебето поминува 50% од времето во оваа фаза и затоа некогаш ги слушате како плачат или се смеат во сон.
Новороденчињата дневно спијат од 10.5 до 18 часа, со периоди на будност од 1 до 3 саати кои се поврзани со глад, потреба за пресоблекување и внимание. Кога ќе забележите дека бебето е плачливо или трие очи, време е за спиење. Кога бебето ќе наполни шест месеци, кај голем број ноќното хранење повеќе не е потребно и многу од нив почнуваат да спијат по цела ноќ.
Не постои универзално правило.
Некои бебиња многу повеќе спијат преку ден и преспиваат во текот на ноќта, додека други во текот на денот не спијат и често се будат навечер. Бебињата од третиот до шестиот месец во идеален случај, преку ден би трабало да спијат два пати по два саати, а ноќе по 9 часа. Но, нема златни правила колку бебето мора да спие, и тоа секако зависи од неговата навика.