ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Колку треба новороденчето да напредува во телесна маса?
    Колку треба новороденчето да напредува во телесна маса?

    Колку треба новороденчето да напредува во телесна маса?

    Новороденчето во првата недела од животот нормално губи 5 – 10 проценти од телесната маса, која ја надоместува најдоцна до навршената трета недела. Со еден месец, обично добива 400 – 700 грама, но ако добие и само 200 – 300 грама, не треба ништо да додавате, туку да го поправите начинот на доење. Дури ако се сите други можности исцрпени, се воведува дохрана со адаптирана млечна формула, но тоа исклучиво треба да го одреди педијатар.

    Некои бебиња многу бљуцкаат. Ако напредуваат добро, тоа не бара никакво испитување, туку само добро подригнување во исправена положба по завршување на подојот, како и лежење со подигната глава (подметнување на крпа под душекот). За разлика од бљуцкањето, повраќањето во млаз е знак за некаков проблем. Доколку се јавува повеќе пати во текот на денот, треба да се обратите на педијатар. Честа појава е и икање после подригнувањето, меѓутоа тоа на бебето воопшто не му пречи, а истото спонтано престанува.