Колку вода треба бремената жена да внесува дневно?
Колку вода треба бремената жена да пие во текот на денот?
Оптималниот минимум за бремените жени колку вода треба да пијат во текот на денот е 1,8-2,5 литри, а препорачливо е да пиете повеќе вода доколку вежбате, дури и кога е жешко, бидејќи сте повеќе испотени, но исто така и кога сте во топла просторија во која воздухот е сув. Затоа, не заборавајте секогаш да носите шише со вода каде и да одите.
Ако имате проблеми со бубрезите, висок притисок и слично, консултирајте се со вашиот лекар, кој ќе ви препорача колку вода треба да пиете.
Колку често треба да пијам вода?
Најдобро е да го распоредите внесувањето на течности во текот на целиот ден, наместо да се пие големи количини неколку пати на ден. Ориентирајте се според бројот на оброци и ужини и секој пат напијте се чаша или две или наполнете ја препорачаната количина во шишето со кое контролирате колку сте пиеле, но не заборавајте да ја конзумирате по малку во текот на денот.
Не чекајте да ожедните, па само тогаш да пиете вода. Некои луѓе не чувствуваат жед, дури и кога се дехидрирани, додека за други тоа е првиот знак на блага дехидрација.
Дали треба да пијам вода и ноќе?
Избегнувајте пиење вода непосредно пред спиење, затоа што ќе станувате во текот на ноќта. Одењето во тоалетот во текот на ноќта е главната причина за проблеми со спиењето за време на бременоста.
Ако сте навикнати да пиете вода во текот на ноќта, не е проблем да го сторите тоа, само не претерувајте. Доволна е една чаша во текот на ноќта.
Дали сокови, кафе и чаеви може да ја заменат водата?
Најдобро е да се пие вода за време на бременоста, и ништо не може да ја замени, првенствено затоа што не содржи празни калории, додека пиењето кое содржи кофени (што е диуретик) и шеќер треба да се избегнува.
Доколку сакате да го подобрите вкусот може да ставите парчиња лимон или портокал.