ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  КОЛКУ ЖЕНАТА ВО БРЕМЕНОСТ СМЕЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ТЕЖИНАТА ?
    КОЛКУ ЖЕНАТА ВО БРЕМЕНОСТ СМЕЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ТЕЖИНАТА ?

    КОЛКУ ЖЕНАТА ВО БРЕМЕНОСТ СМЕЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ТЕЖИНАТА ?

    Дали на бремените жени им е дозволено да држат диета?

    Колку смеам да ја зголемам тежината во текот на бременоста?

    Колку калории ми се потребни на ден?

    Дали смее да се држи диета во текот на бременоста?

    Што да правам ако мора нешто да се касне?

     

    Колку смеам да ја зголемам тежината во текот на бременоста?

    Жената во бременост  не би требало да ја зголеми тежината повеќе од  10 до 14 килограми. Ако чекате близнаци ќе ја зголемите тежината нешто повеќе,  но не многу повеќе. Ако во бременост влегувате со вишок на килограми, сепак морате да ја зголемите тежината од 7 до 10 килограми. Ако пред бременоста сте имале намалена килажа, тогаш можете да си дозволите да ја зголемите тежината до 15 килограми, ама никако повеќе од тоа.

    Добивањето на тежина иде постепено; најмалку се зголемува во првото  тромесечие, само две кила,  а највеќе и најбрзо во третотот тромесечие, кога се зголемува тежината околу  50грама неделно. Ако престанете да ја зголемувате тежината повеќе од  две недели, или се поправате многу побрзо од оваа препорака, посетете го вашиот доктор за консултација.

    Колку калории ми се потребни на ден?

    Ако чекате повеќе од едно бебе, додадете на на вашата претходна исхрана,  во бременоста уште 600 калирии дневно.

    Балансираната исхрана во текот на бременоста важна е за одржување на вашето здравје и исхраната на бебето. Откако ќе забремените зголемете го дневниот внес на калории за 300. Се препорачува дневна количина од околу 2500 калории, иако тоа варира во однос на здравјето, тежина и степенот на активност на бремената жена. Нутриционист може да ви состави правилен план за исхраната  во текот на бременоста и во тек на доењето.

    Дали смее да се држи диета во текот на бременоста?

    Не. Диета во текот на бременоста е потенцијална опасност и за вас и за развој на вашето бебе. После многу диететски режими, вашиот организам ќе остане без доволно количество на железо, фолна киселина, витамини и минерали. Запамтете дека правилното добивање на калориите во бременоста е еден од најдобрите знаци на здрава бременост.

    Жените кои правилно се хранат и добиваат адекватни килограми имаат поголеми предиспозиции  да добијат здраво бебе.

    Ако јадете свежа, здрава храна и се поправате, опуштете се затоа што тоа во бременоста е сосема нормално!

    Што да правам ако мора нешто да се касне?

    Повремено може да се почастите со чоколадо или колач, а ако желбата за благо или “брза храна” ви е интензивна, пробајте своето чувство да го залажете на некој друг начин и со помош на следните совети да ја пребродите кризата.

     

    Совети за “залажување ” на гладот:

    –    не го прескокнувајте доручекот;

    –    редовно вежбајте или шетајте;

    –   земајте помала количина благо, грицки или “fast food” (ако баш морате да јадете сладолед , земете една лажица, а не цела кутија или една коцка чоколадо а не цела табла);

    –    заменете ги нездравите грицки со здрави.