Компири во исхраната за бебиња + рецепти
Храна за која што мислиме дека знаеме се, што понекогаш се нарекува “сиромашна храна”, која е меѓу првите што ја воведуваме во исхраната на бебето ќе ве воодушеви со својот квалитет, разновидност и лесен начин на подготовка.
Според податоците за составот на продуктитет издадени од страна на катедрата за хигиена на медицинскиот факултет во Нови Сад, 100 грама печен компир содржи 9,83mg витамин Ц, што е повеќе во однос на истиот волумен на свежи праски, цвекло, јаболко, кајсија, круша, цреша и зелена салата. Иста количина на печен компир содржи 15,03mg калциум што е двојно повеќе од свежа банана, боровинка, праска, јаболко, слива, а повеќе од една пиперка бабура, свежи домати, бостан и цреша. Ова можеби го потврдува тврдењето дека во текот на годината само преку компири внесуваме најмногу витамин Ц во организмот.
Компирот во исхраната на бебето е воведен уште на самиот почеток на воведување на цврста храна, тој е храна која не е многу вкусна и примамлива за бебето, ако тој се дава сам. Затоа е најдобро да се измеша со тогашната воведена храна како тиква или морков или тиквички. Така што ќе добиете многу интересен РОЗА-пире од компир кој бебињата го јадат. Во нашата земја, најчесто се користат бели и црвени компири, а можете да најдете и сладок компир-батат што е најдобро да се даде на бебето кога се користи редовно и во исхраната на возрасните.
Компирот е најдобро да се готви со друг зеленчук во мала количина на вода по што водата се користи за разредување каши и постигнување на потребната густина. Мали коцки компири се готват десет минути а за поголеми потреби малку повеќе време но никогаш не треба да биде преварен.
СОВЕТОТ ОД ИСКУСТВО: Во подготовка на оброци за бебето не советуваме блиндирање на компирот за каша бидејќи станува лигав и леплив. Најдобро е да го изгмечите со вилушка со друг зеленчук, и ако бебето јаде само блиндирано, изблиндирајте го останатиот зеленчук а компираот испасирајте го низ цедалка.Пробајте, разликата е огромна.
Компирите се најдобри во комбинација со жолчка од јајце, карфиол и телешко месо или со блитва, тиква и пилешко месо и грашок, морков и пилешко .
Рецепти:
Бел ручек за бебе: сварете еден компир исечкан на коцки, четврт тиквичка и карфиол неколку цвета, све изгмечете со вилушка и додадете неколку капки маслиново масло.
Пире од компири со кељ и жолчки од јајце: Во малку вода, се сечат два поголеми компири, кога ќе зоврие додадете една четвртина кељ и варете додека не омекне, околу петнаесет минути. Посебно сварете тврдо варено јајце – околу десет минути. Зеленчукот избендирајте го со додавање на течноста од готвење и жолчката од јајцете додате ја гмечејки во чинијата. Многу фино пире, дури и за возрасни.