• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Комуникација со бебето во стомак
Комуникација со бебето во стомак

Комуникација со бебето во стомак

Некои резултати од спроведени истражувања за комуникацијата помеѓу мајката и детето покажале дека дете кое имало помалку од 4 дена може да го разликува гласот на својата мајка од гласот на непозната особа. Тоа се објаснува со тоа дека децата го препознаваат гласот на мајката уште додека се во стомакот.

Допирите, слухот и движењата се развиени уште во стомакот на мајката, што овозможува комуникација и стимулација кај бебето уште пред да биде родено. Преку ултразвуд лекарот открива мноштво информации за однесувањето на нероденото дете, односно колку комуникацијата со бебето во текот на бременоста може позитивно да влијае на плодот.
Долго време не се знаело дали бебто има развиено слух во мајчиниот стомак. Но утврдено е дека дури во 19тата недела бебето почнува да чита звукови, а на крајот од 6тиот месец завршува развојот на слухот и бебето може да слуша се што се случува. Тогаш веќе ги препознава звуците на мајчиното срце. Но препознава и разни други звуци.
За детето е корисно секаков тип на звук кој му го пружа природата, тоа се звуците на мајчиното тело ( отчукување на срцето, работата на желудникот), останати звуци како што се музика, вибрации, движењета на мајката, физичката активност, допирите на стомакот. Се тоа се случува преку случувањата од секојдневните активности на мајката.
Се смета дека количината на стимулации во последното тромесечје има големо влијание на детето за брзо и лесно прилагодување во светот после раѓање и брз развој после раѓање.

bremenost, trudnica, babyshop, babyshopmk, babyshopblog, bebe, dete

Предност за бебињата чии што мајки оствариле комуникација со бебето

Мајките кои комуницираат со своето бебе пред пораѓајот, можат да очекуваат децата да им бидат физиолошки зрели и напредни, лесно да се прилагодуваат на животот надвор од стомакот и помалку да се разболуваат.

Овие бебиња помалку плачат, подобро јадат и спијат, брзо развиваат јазична комуникација а покажуваат и склоност кон музика. Трудниците многу често се запрашуваат како да разговараат со нероденото бебе? Одговорот гласи: пејте му на бебето, зборете му, слушајте ја својата омилена и веселе музика која ве смирува и на тој начин ќе ги изберете звуците на бебешките песни. 

Постојат теории дека бебето повеќе го сака Моцарт или класичната музика и одколку рок музиката. Се смета дека тоа има врска со фактот дека бебето многу повеќе реагира на музика која има ритам како 72 отчукувања во минута одколку обични отчкувања на мајчиното срце. Брзата музика бебето го прават нервозно.
За бебето претставува посебно искуството што го слуша ритамот на мајчините чекори и ритамот на нејзиното срце. Бебето чувствува кога мајката е вознемирена и кога оди, тоа е претставува лилкање на бебето кое подоцна во животот е и единственот начин кој бебето најмногу го смирува. Најдобра копија на лулкање во мајчината утроба е колевката.

Мамо, тука сум

Од шестиот месец бебето преку хормоните ги дели емоциите со својата мајка кои се поврзани со одредени ситуации. Кога мајката е под стес, плодот е активен. Доколку долго време е изложена на стрес мајката, активноста на бебето може да биде и десет пата поголома од нормлано. Освен здравата исхрана на која во голема мера се обрнува внимание во бременоста, идните мајки мораат да бидат свесни дека и своите мисли исто така влијаат на нероденото бебе.

Мајчинските чувства и расположение, освен хормоните се поврзани и со невротрансметерите кои низ крвотокот и постелката стигаат до мозокот на фетусот. Тие влијаат на крвните жили, па стресот може во тој случај да создаде послаб протокол на хранливите работи преку кои крвта допира до постелката. Исто така тие директно влијаат на мозокот на плодот, а со тоа и на неговот расположение кое преку нив ги пренесува мајката на бебето.

Жените со својата бременост обично се соживуваат во првото тромесечје. Во второто тромесечје од бременоста развиваат свест дека нивното дете е нешто посебно а со тоа придонесуваат чувство кое го потикнува бебето на движење. Третото тромесечје од бременоста може да се смета како период за конкретна припрема за прифаќање на бебето и неговото раѓање.

bremenost, trudnica, babyshop, babyshopmk, babyshopblog, bebe, dete