ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Констипација по породувањето
    Констипација по породувањето

    Констипација по породувањето

    Констипација по породувањето.

    Одредени намирници и навики во исхранта можат ефикасно да го решат проблемот. Констипацијата за време на бременоста е многу чест проблем со кој се среќава голем број на жени. Многу често може да потрае и по породувањето, некогаш и по неколку недели. Многу фактори влијаат на појавата на констипација кај мајките, а она што дополнително ја влошува ситуацијата се необичаените работи кои следат по породувањето: Непреспиени ноќи, неправилна исхрана, намалена физичка активност.

    Тежок е периодот за враќање на физички активности веднаш по породувањето и имате нередовен сон, но постојат намирници кои во голема мера можат да помогнат кај овој проблем.

    Конзумирањето на голема количина на намирници кои содржат влакна се еден од најдобрите начини за да го регулирате варењето на храната. Потребно е 15-20 грама внес на храна полна со влакна на дневно ниво, која можете да ја збогатите со голем број на внес на овошје и зеленчук како и мешунки како грав и леќа, како и леб правен со цели зрна и житарици. Утрото почнете го со вашето омилено овошје. За ужина можете да земете една рака суво грозје, сушена брусница или јаболка, додадете супена лажица ленено семе и јогурт по избор. Ова е сосема доволна количина која дневно треба да ја внесете. Исто така многу е важно храната која не е богата со влакна да ја исфрлите од исхраната.

    Дехидрацијата може не само да ја влоши констипацијата, туку и да ја предзвика, затоа потребно е да внесете доволно течности во вашиот организам. Доењето исто така може да предизвика дехидрација па се препорачува внес од 8 до 10 чаши дневно.

    Освен вода, разни цедени сокови се добар избор а воедно содржат и доволно количина на влакна. Имајте на ум дека кафето и алкохолните пијалоци можат да предизвикаат дехидрација па внесот на кафе намалете го на две шолји дневно.

    Ако констипацијата трае долго, ако е упорна и ако конзумирате намирници богати со влакна а проблемот сеуште не ви се решава, потребно е да се јавите на лекар. Жените кои се опоравуваат од царски рез, би требало да се консултираат со лекар пред да користат било каков лаксатив или пак нагло да го зголемат внесот на влакна. Периодот за опоравување после царскиот рез бара многу време, а зеленчукот богат со влакна, како што се боркули, зелка и леќа, можат да предизвикаат надуеност и гасови па да се зголемат болките кои се појавуваат после овој начин на пораѓај.