ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Kонтрацепциски апчиња за мажи
    Нови контрацепциски апчиња за мажи

    Kонтрацепциски апчиња за мажи

    nov lek

    Нови контрацепциски апчиња за мажи

    За двете страни да имаат можност за избор, група истражувачи од фамацевтскиот институт за наука “Монаш” од Австрија, произведуваат нов лек наменет за мажите.

    Научникот Саб Вентура, кој го водел истражувањето информира дека апчињата функционираат на тој начин што ги блокираат двата протеина задолжени за ослободување на спермата кај мажот. На овој начин ја спречуваат контракцијата на мускулите која потпомага за спермата да се извади надвор.

    Она што е многу важно е дека употребата на ваквиот лек нема да влијае врз губење на квалитетот на спермата. Целиот процес е реверзибилен и мажите и понатаму се комплетно здрави. Лекот не е заснован на база на хормони и не влијае на генетиката кај мажот.

    Доколку последната фаза за развој на овие апчиња биде успешна, лекот би можел да се набави за 5 до 10 години од сега, а во меѓувреме, кондомите и понатаму остануваат најдобар опција за заштита.

    Во суштина се зависи од финансиите. Колку побрзо се добијат средства, толку побрзо лекот може да биде пласиран на пазарот.
    Апчињата се креирани со цел да се овозможи еднаква рамноправност помеѓу мажите и жените. 

    Апчињата кои во моментов се достапни и наменети за жени се многу ефикасни но во просек, годишно се регистрираат околу 80 милиони со несакана бременост. Од таа причина е започнато создавање на овие апчиња, со што ќе се овозможи опција и за двете страни. Колку повеќе опции се нудат тоа е подобро, а и дополнителната заштита е секогаш добредојдена.