ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Конзумирањето на алкохол, нема да наштети на бебето!
    Конзумирањето на алкохол

    Конзумирањето на алкохол, нема да наштети на бебето!

    Од секогаш се верувало дека пивото е добро за мајките кои дојат, бидејќи од него ќе имаат поголема количина на млеко, па повеќе не е чудно да се види мајка која со една рака го нишка бебето а со другата пие чаша ладен напиток од хмељ, квасец и вода. Но иако на многумина не им чудно, сепак не сите мислат дека конзумирањето на алкохол како пиво и вино е добро за бебето.
    Мислењето е навистина поделено. Едни мислат дека мајката од чаша пиво може да има повеќе млеко, а други тврдат дека алкохолот може негативно да влијае, но вистината е негде помеѓу. Чаша пиво нема да ја поттикне лактацијата но може да ја опушти мајката, да го намали лачењето на кортизол, хоромонот на стрес и да поттикне лачење на окситоцин. Заблагодарувајќи на дејството на овој хормон, млекото полесно ќе отиде до дојката, па мајката има впечаток дека има повеќе количина, а тоа за бебето е единствено што е важно…убаво да цица.
    Секоја мајка може повремено да се опушти со чаша вино или пиво, затоа што многу мала количина на алкохол се префрла во млекото.
    Мајката може да испие малку пиво и вино и да продолжи да дои. Нема потреба млекото да се измолзува и да се фрла. Количината на алкохол во мајчиното млеко е исто како и количина алкохол во крв. Алкохолот не заостанува во млекото кога ќе исчезне од крвта. По една чаша на вино или пиво, количината на алкохолот во крв го достигнува највисокот ниво помеѓу 30 и 60 минути (60-90 минути ако се пие со јадење), па на жена со просечна тежина од околу 65 кг потребно е помеѓу два до три часа за потполно да се елиминира алкохолот од своето тело.
    Ако мајката испие алкохол откако го надоило своето бебе, до следното доење алкохолот сосема ќе исчезне од млекото. Исто така треба да се има на ум дека јетрата на новороденчето е незрела и дека побавно го преработува алкохолот, додека кај постарите бебиња тој процес е побрз.
    Од таа причина се препорачува на мајките кои дојат да избегнуваат алкохол, посебно да не претеруваат со количината. Една чаша вино после јадење или пак чаша пиво нема да му наштети на бебето, но не треба да се прави често, посебно не секој ден.