Коприва и нејзино влијание на плодноста
Копривата најчесто се спомнува кога е во прашање лечењето на неплодноста. Таа ја зајакнува матката и ја поттикнува работата на бубрезите и надбубрежните жлезди. Најдобро е да се пие една до две шолји од овој чај дневно, како во текот на неколку месеци телото на жената би било спремно за бременост, а матката доволно задебелена за полесно да дојде до зачнување.
Копривата воедно е и антихистаминик, па ако на нешто сте алергични, симптомите на алергија ќе бидат поблаги.
Копривата содржи и голема количина на витамин К, кој е потребен на мајката и бебето. Во бременоста е дозволен и корисен доколку пиете една шолја дневно.