Корисни трикови: Како да го поттикнете бебето да зборува
За вашето бебе да почне да зборува и самите вие морате да бидете ангажирани и да му помогнете во тоа.
Она што повеќето родители го занемаруваат, а е многу важно, е тоа што на детето треба да му се обраќате како на возрасна личност.
Што повеќе го вклучувате вашето дете во разговорот побрзо ќе научи да зборува. Поттикнете го што повеќе да зборува така што ќе го вклучите во семејните разговори и ќе му поставувате прашања. Како и кај учењето на нов странски јазик, колку детето повеќе зборува толку побрзо истото ќе го научи. Логопедите ни откриваат некои од триковите со кои можеме да го подобриме говорот на нашите малечки.
– Имитирајте ги звуковите од вашето бебе, затоа што многу брзо после гугањето и првите слогови бебињата почнуваат да брборат и повторуваат различни слогови, што звучи како посебен бебешки јазик. Кога говорот на бебето наидува на одобрување кај родителот, тоа се повеќе и почесто зборува.
Кога зборувате со своето дете употребувајте едноставни зборови, но понекогаш вметнете и некој посложен, затоа што колку повеќе зборови слуша детето повеќе зборови ќе користи. Детските песнички се исто така добар начин за детето да научи нови зборови, наведуваат логопедите.
Доколку вашето малечко не е многу зборлесто, најдобар начин да го поттикнете да зборува е низ игра. Играјте си со него “на буква на буква“ или игри каде што секој ќе треба за одредено време да наброи што повеќе предмети.
Со повторувањето на имињата на предметите речникот на детето се проширува. Доколку детето неправилно изговара некои зборови вие по него повторувајте ги онака како што треба, но со насмевка така што детето нема да почувствува дека го корегирате. Со константното корегирање вршите непотребен притисок на детето, па најдобро е да се фокусирате на еден или два збора кои ќе ги корегирате.
Спрема логопедите, она што е навистина важно е на детето да му се обраќате како на возрасна личност.
-Од околу првата година детето разбира едноставни зборови, како што се “еве”, “дај“,“донеси“,“одиме“ и нив треба почесто да му ги кажуваме. Доколку нешто од тоа не разбира, родителите треба да му го покажат тоа и истото да го повторат повеќе пати. Многу е важно покажувањето да се одвива со говор. Кога користите знаци со она што го зборувате ќе откриете точно што вашето малечко разбира. Со две години детето би требало да има речник од околу 300 зборови и да може да гради прости реченици. Читајте му книги, затоа што тоа во тој период сака да гледа слики и да слуша приказни. Побарајте од него да ги имитира животните и да ги именува. Во тек на третата година доаѓа до зголемување на обемот и разноликоста на вокабуларот и детето тогаш знае од 500 до 1000 зборови.