ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Кратки совети за пролетно чистење
    Кратки совети за пролетно чистење

    Кратки совети за пролетно чистење

    Кратки совети за пролетно чистење.

    Кога во станот ќе влезат првоте зраци од пролетното сонце и ќе почне да се потенцира целата прашина која до тој момент не сте ја приметувале, сфаќате дека е време за пролетно чистење.
    Дојде денот за детално чистење во домот и се поставува прашањето: “Од каде да почнам?”. Ви нудиме мала помош.
    Ослободете се од непотребните работи.
    За да направите пролетно чистење, најбитно е да се ослободите од непотребните работи во домот. Тешко е да се одделите од работи и ситници од минатотот, но доколку не сте ги користеле во последните неколку години, веројатно можете и без тоа.


    Направете план
    Почнете со чистење во просторија во која имате помалку работа, а потоа полека префрлајте ги во просторија во кое ќе оставате се што фрлате. Секогаш чистете од врвот према дното. Некоја нечистотија паѓа врз друга а не врз чист под. Така што, додека правосмукате секогаш одете наназад, со тоа нема да ја разнесете нечистотијата насекаде.
    Почнете од ѕидовите.
    Веројатно на ѕидовите не им е неопходно нов слој на боја, но деталното чистење на прашина да. Пребришете ги ѕидовите со сува крпа со микровлакна.
    Ролетни и венецијанер
    Пребришете ги со влажна крпа од микровлакна, од горе према доле. Доколку имате дрвени ролетни, секогаш бришете ги со сува крва за да избегнете оштетување.
    Слики и ламба
    Бришете ги со мокра крпа, а можете и да ги усисате со посебен дел од усисивачот. Сликите и огледалата тргнете ги од ѕидовите и пребришете ги.
    Тепих и под
    Малку поместете двоседот, троседот, столчињаата, масата и усисајте. Доколку во вашиот дом доминира паркет, најдобро е да го исчистите на пареа.
    Тоалет
    Тоалетот сигурно редовно го чистите и детално, но можно е завесата во кадата да не ја перете толку често. Исперете ја во машина на најниска температура (заедно со неколку пешкири), а потоа ставете ја во сушална на 10 минути со што би се израмниле наборите.
    Постелнина
    Перницата и јорганот однесете ги на длабинско чистење и детално пребришете ја длабочината на креветот.
    Недостасува воздух? Отворете ги прозорите, природното цвеќе ќе го прочисти воздухот. Препорачуваме цвеќе со мири на лаванда кое веднаш ќе ви донесе нова, пролетна свежина во вашиот дом.