• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Краток филм кој спасил повеќе од 40 детски животи
Краток филм кој спасил повеќе од 40 детски животи

Краток филм кој спасил повеќе од 40 детски животи

Краток филм кој спасил повеќе од 40 детски животи

Кикирики, бомбони, ситни играчки…се само дел од работите кои многу често завршуваат во душникот на многу деца. На многу симпатичен и интересен начин во видеото во продолжение се опишува начинот за прва помош кога ќе бидете затекнати во таква ситуација.

Британската болница “St Johns” има направено едукативно видео кое до сега спасило повеќе од 40 животи. Во овој краток но многу доминантен анимиран филм, објаснува и им помага на родителите или било кој друг кој би се затекнал со ситуација како дете се гуши, веднаш да реагира и да му помогне.
Вработените во оваа болница направиле истражување кое ги поттикнало да превземат сериозен чекор. Резултатите од анкетата која била спроведена на деца кои завршиле во одделението на итна помош, покажало дека 40 % од родители не знаат што треба да направат доколку детето проголта предмет и почне да се гуши.
За да ја разбудатт свеста во јавноста за овој сериозен проблем, одлучиле да направат едукативно и симпатично видео со наслов ‘The Chokeables’, во кој главни ликови се предмети кои најчесто се нашле во душникот на детето.
Фломастери, моливи, пенкала, мала гумена играчка, кикирики…за само 40 секунди, на интересен начин опишуваат како детето се гуши и кој е вистинскиот начин за помош.
Видеото станало неверојатно популарно, а вработените во болницата навистина биле горди на овој проект бидејќи уште првите денови добиле неверојатни повратни информации. Исто така, видеото до сега спасило многу животи на деца.
Еден од повиците кои ги добиле бил на мајка на девет месечно бебе кое благодарејќи на видеото го спасила синот на своето дете. Споделете ја оваа приказна со пријателите и роднините, подоцна ќе ви бидат благодарни што успеале да спасат нечиј живот.