
Краток потсетник за исхраната во шестиот месец
Ако бебето цица, до крајот на шестиот месец млекото на мајката му ги обезбедува сите хранливи материи, освен витаминот Д, кој се дава дополнително во облик на капки. Ако немате доволно млеко или бебето го храните со адаптирано млеко, после наполнети шест месеци, треба да воведете немлечна храна во исхраната на бебето. Тоа треба да го правите по следниот редослед:
Житарки: пченка, ориз, просо, хељда.
Зеленчук: компир, морков, тиквица.
Овошје: јаболко, праска, кајсија, банана, слива, сок од грозје.
Месо: посно месо на крајот на шестиот месец-пилешко, мисиркино, телешко/јунешко.
Пред да започнете со немлечна исхрана за вашето бебе, задолжително консултирајте се со педијатар.