ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Кремаста овошна торта со малини и пишкоти
    Кремаста овошна торта со малини и пишкоти

    Кремаста овошна торта со малини и пишкоти

    Со освежувачките малини и кремастиот фил ќе добиете совршена овошна торта во која малечките ќе уживаат.

    Потребно е:

    1 пакување пишкоти

    1 пудинг од малини

    70 грама путер

    2 лажици шеќер во прав

    6 лажици шеќер

    200-300 грама малини

    250 милилитри млеко

    200 милилитри вода

    Припрема:

    Во млекото додадете 2 лажици шеќер, сварете го пудингот и изладете го. Путерот изматете го со шеќерот во прав, па спојте го со изладениот пудинг и добро измешајте. Во тенџере истурете вода и додајте ги малините и 2 лажици шеќер. Кога ќе проврие процедете го за да се отстрани семето. Вратете повторно на шпорет, па во него згответе го пудингот од малини.

    Во мал кружен плех на дното ставете фолија па наредете пола пишкоти, а одозгора ствете го целиот пудинг од малини и распоредете го.

    Преку него ставете го пудингот и одозгора наредете го остатокот од пишкотите. Оставете го покриено со фолија да преноќи или 3-4 часа за да се стегне.

    Истресете го на чинија па тортата прелијте ја со чоколадо. Може да  украсите со шлаг и малини.