ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Кутијата за јајца е одлична играчка
    Кутијата за јајца е одлична играчка

    Кутијата за јајца е одлична играчка

    Не ги фрлајте празните кутии за јајца, забавувајте се и правете корисни работи од нив. Покрај тоа што ќе се забавувате со вашите деца, ќе ги научите како да рециклираат и да користат веќе еднаш употребени предмети и амбалажа.

    Со предлозите кои ќе ви ги преставиме, вашето дете  ќе учи за боите,штедењето на пари и одгледување на растенија. Пуштете го да бои, да лепи и украсуваа, а вие погрижиете се за тоа што треба да се исече со ножици и скалпел.

    Направи букет

    Украсете ја собата со букет цвеќе. Ќе ви  биде потребна една или две кутии со јајца, ножици, темперни или водени боици, четки, колаж, лепак и зелени сламки.

    Искројте чашка од картонот за јајца и неправилно исечете ги рабовите ,така што да изгледаат повеќе како ливчиња.  Дното дупнете го со ножиците,па низ него повлечете го врвот на сламката, а потоа свиткајте го од внатрешната страна и залепете го. Направете мали топчиња од памук или волница и залепете ги во внатрешноста на цвеќето.Со темперни или водени боици обојте го цветот и од внатре и надвор и оставете го да се исуши добро. Цвеќињата ставете или во вазна или врзете ги со машничка во боја и закачете ги во омилен агол во собата.

    Играјте со бои

    Одделете го капакот од долниот дел од кутијата за јајца,па секоја чашка офарбајте ја со различна боја и оставете да се исуши добро. Соберете ситни, мали играчки и фигури и распоредете ги по боја. Подоцна можете да се натпреварувате колку фигури можете да ставите во кутијата за една минута.

    Направете кутии за ситни пари

    Ситните пари што ви останале чувајте ги на едно место, во чашка од јајца која сте ја обоиле во омилента боја на детето. Ставете ја чашката во ходникот, на видно место во кујната или на  работната маса, детето брзо ќе  добие навика да ги става сите метални парички на кој ќе наиде.

    Направте ги како живи разни инсекти

    Опремете се со темпера,фломастери и ситни копчиња, па направете пајак, бубамара, гасеница или некоја друга весела бубачка. Направете ги очите од копче или нацртајте ги со фломастер а за нозете користете ја четкичката од старата истрошена маскара која претходно добро сте ја измиле.

    Започнете да одгледувате цвеќе

    Од чашкит за јајца направете мини-саксии, и на секоја со фломастер напишете го името на растението кое ќе го засадите. Купете семе од магдонос, босилек или некој друг зачин, а можете да засадите  и мали кактуси. Пополнете ги земја, наредете ги на пастична тацна, натопете ги и вметнете ги семињата. Следете го растот и развојот на вашата мала градина и научете го вашето дете да се грижи за неа и да ја залива.

     

    Украсете го вашиот дом со цветни венчиња

    Нацртајте два големи кругови на картон, а потоа искројте прстен и обојте го. Направете цвеќе од чашки за јајца, со тоа што можете да ги оставите цели или да ги засечете на неколку места за да добиете ливчиња. Обојте ги во различни бои и залепете ги на прстенот. Користете го овој венец како декорација, рамка за огледало или фотографија.