• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Кувар за бебиња: Кашичка од цвекло и јаболки
Кувар за бебиња: Кашичка од цвекло и јаболки

Кувар за бебиња: Кашичка од цвекло и јаболки

И здрава и вкусна кашичка, одлична за бебиња постари од седум месеци.

Цвеклото е богато со хранливи состојки, минерали и витамини (калциум, магнезиум, витамин А, витамин Б, Витамин К и витамин Е) и го зголемува нивото на крвните зрнца во крвта.

Оваа кашичка е наменета за бебиња кои се постари од седум месеци.

Потребни ви е:

-Пола помало цвекло

-Пола јаболко

Припрема:

1.Исецкајте пола цвекло и пола јаболко

2.Варете додека цвеклото не омекне

3.Пасирајте до посакуваната текстура. Изладете ја кашичката и понудете му ја на бебето.

Оваа комбинација можете да ја употребите и со друго овошје како крушка.