• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Кувар за бебиња: Три вкусни кашички од моркови
Кувар за бебиња: Три вкусни кашички од моркови

Кувар за бебиња: Три вкусни кашички од моркови

Погледнете три едноставни рецепти за брза припрема на оброк за малечките на возраст од 4 до 10 месеци.

Овој прекрасен зеленчук е преполно со бета – каротен, благодарение накој доаѓа до стварање на витамин А во организмот. Исто така, содржат витамин Ц и К, како и калциум, натриум, фосфор, магнезиум, железо…

Морковите често се препорачуваат како првиот зеленчук кој се воведува во исхраната на малечките и неизоставен се дел од јадењето на бебињата.

Едноставна кашичка (за возрастод 4 до 6 месеци)

Потребно е:

Еден морков или повеќе по желба

Припрема

1.Добро исчистете го морковот, па исечете го на ситни парчиња

2.Варете ја на пареа

3.Кога ќе биде добро сварена, ставете ја во блендер или изгмечете ја со вилушка

Кашичка од печени моркови и маслиново масло (за возраст од 6 до 8 месеци)

Потребно е

Еден морков или повеќе по желба и маслиново масло

Припрема

1.Добро исчистете го морковот, па исечете ги на тенки парчиња

2.Подмачкајте плех за печење со маслиново масло, а потоа малку со нехо испрскајте го и морковот. Загрејте ја рерната на 180 степени

3.Печете околу 45 минути или додека морковот не омекне под вилушка

4.Потоа во блендер направете пире од морков. Доколку вашето бебе е доволно големо за самото да се послужи, не морате да правите кашичка, туку печениот морков послужете го како “храна за прстињата”.

Кашичка од моркови и ориз (за возраст од 8 до 10 месеци)

Потребно е

390 грама рендани моркови

550 грама кафеав ориз

Малку лук

1 супена лажица магдонос

Малку сол

100 милилитри млеко

Припрема

1.Помешајте го оризот и морковите и варете ги на пареа. Додајте лук, ориз и сол (по желба, не е задолжителен), а потоа и млеко или јогурт.

2.Печете на 180 степени во траење од еден час.

3.Кога ќе се испече, направете кашичка и набљудувајте го своето бебе како ужива.