• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Лазањи со зеленчук
Лазањи со зеленчук

Лазањи со зеленчук

Здрава и вкусна варијанта на добро познатиот италијански специјалитет, во кој можат да уживаат и вегетаријанците.

Потребно е:

700 грама сос од домати

едно пакување кори за лазањи (240 грама)

450 грама тофу сирење

3 шолји свеж зеленчук (брокули, карфиол, тиквички и/или спанаќ)

220 грама моцарела

 

Припрема

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Намачкајте тенок слој од сосот од домати на дното од керамички сад, а преку ставете 3 до 4 кори за лазањи. Нанесете една третина од тофу сирењето, а потоа една третина од преостанатиот сос од домати. Ставете околу третина зеленчук преку сосот, а потоа третина сирење. Повторете ја постапката уште два пати, така што последниот слој ќе биде кори за лазањи и сирење. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете додека корите не омекнат, 35 до 40 минути. Доколку сакате, одстранете ја фолијата и запечете уште 5 минути така што горниот слој ќе добие златна боја. Почекајте уште 5 минути пред да ги послужите овие вкусни лазањи.