Лазење
Бебето лази
Најбитно е детето што повеќе да се остава на цврста рамна подлога, за да може само да ги истражува своите можности. Многу малку детето треба да го поминува времето во дубак, ограда, столица за хранење, лулашка. Многу е важно детето да не се форсира, туку да се пушти самото да ги истражува своите можности и да напредува.
Лазењето му овозможува на бебето да ја истражува околината, што е многу важно за психосоматскиот развој на детето. Лазењето е голем напредок во самосталното движење. На децата некогаш им треба помош да ја поминат фазата која ја достигнале и да продолжат понатаму во својот психомоторен развој.
Благодарение на напредокот во истражување на развојната неврологија, имаме доста информации за развојот на детето. Знаеме колку е важно да се учествува активно и правилно во стимулација на неговиот развој.
Ставете го детето на под
На детето му е потребна цврста, рамна подлога и затоа треба да го ставате на под. На подот не треба да ставате прекривка, ќебе или некоја слична подлога која бебето го прави нестабилно. Подлогата може да биде ќилим или слична цврста подлога.
Бидејќи детето стално се движи не се грижите дали ќе му биде ладно. Ако биде во кратки пантолони, можеби ќе има проблем со колената, но тоа не им смета на бебињата. Тие ќе уживаат да се движат без пречки низ просторот и да истражуваат.
Во третото тромесечие ставете го бебето во четириножна положба, ставете му ја раката под стомак и помогнете му да се љуља напред-назад.
Кога бебето е разбудено, ствавајте го да лежи на стомак. Ако плаче и е беспомошно, не го земајте, бидејќи така не му помагате во напредокот и развојот. Наместо тоа ставете го преку колена, така да може да се ослонува со рацете од подлогата. Ако бебето стално го чувате во столче, го носите во раце или го возите во количка, може да се случи никогаш да не почне да лази. Тоа не е затоа што не може или тоа не го сака-вие не сте и овозможиле услови за спонтано да се развива.
Лазењето според формата рака-спротивната нога претставува синхронизација помеѓу двете мозочни хемисфери. Сигурноста која бебето ја зацврстува со лазењето, му помага побрзо да реагира кога паѓа. Секое дете, подпомогнато на правилен начин, ќе научи да го задржи четириножниот став, а повеќето почнуваат и да лазат. Сите техники на лазење се нормални. Ќе помине многу време додека детето почне синхронизирано да лази. Некои бебиња лазат наназад, други во исто време ги користат двете раце и тоа е добро за нивниот развој.