ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Лажно позитивен тест за бременост
    Лажно позитивен тест за бременост

    Лажно позитивен тест за бременост

    Лажно позитивен тест за бременост

    Кога се случува тестот за бременост да биде лажно позитивен?

    Куќните тестовиза утврдување на бременоста се речиси 100% точни, но секогаш постојат некои отстапувања кои можат да се случат.

    Во повеќето случаи, лажно негативните и лажно позитивните резултати од тестот за бременост се директно поврзани со човечка грешка. Позитивниот тест кој е направен исправно во 99% од случаите покажува исправен резултат.

    Причините за лажно позитивните тестови за бременост го вклучуваат следново:

    -Најчестите човечки грешки се случуваат кога не се апсорбира доволно урина на лентата/стапчето од тестот. Тогаш на некои жени им се чини дека тестот е позитивен затоа што е воочлива тенка сива линија. Таа линија може да се појави како резултат на тестот и кога урината го има преминато прозорчето за тестирање што не треба да се случи. Ако куќниот тест за бременост се прочита подоцна, после 10-30 минути (што зависи од тестот), резултатот исто така може да се прикаже како лажно позитивен.

    -Лажно позитивен тест исто така може да биде како последица на користење на лекови за неплодност кои содржат hcg или гонадотропин за овулација.Тогаш може да има позитивен наод на тестот за урина или крв за бременост две до три недели после примањето на лекот, а жената да не е бремена.

    -Биохемиска бременост.

    -Одредени ретки медицински состојби како што е трофобластна болест.

    -Некои лекови како метадон, хлордиазепоксид или прометазин можат да дадат лажно позитивен тест на бременост.

    -Треба да се спомене и лажниот позитивен тест на крвта наречен “фантомски hcg” кој претставува лажно позитивен тест на бременост. Кај овие заболени тестот од крвта секогаш ќе покажува зголемен бета hcg, а тестот од урина ќе биде негативен.

    Тестот на бременост преку анализа на крвта може да даде најточен резултат. Затоа, без оглед на резултатот од куќниот тест, направете и потврда по пат на вадење на крв.