• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Ледени коцки со вишни
Ледени коцки со вишни

Ледени коцки со вишни

Ледени коцки со вишни

Освежителен колач со вишни кој не се пече, идеален за топлите летни денови.
Потребно е:
· 200 gr. кекс
· ½ kg. шеќер
· ½ L, вода за вишни
· ½ kg вишни (свежи или замрзнати)
· 4 пудинзи од ванила
· 2 dl. вода за пудинг
· 100 gr шлаг крема
· Мало чоколадо за декорација


1. Во длабок сад наредете го кексот.
2. Ставете го шеќерот и водата во длабока шерпа и ставете на шпорет да се вари. Повремено мешајте се додека шеќерот не се растопи.
3. Во водата додавајте ги вишните (можат и смрзнати). Оставете да се крчка уште 10 минути и повремено мешајте.
4. Растворете го пудингот во 2dl вода, додадете вишни и варете ги. По потреба додавајте уште малку вода.
5. Кога филот малку ќе се олади, ставете го кексот. Израмнете го и оставете да се олади.
6. Кога филот ќе се олади, разматете крем шлаг и премачкајте го преку филот.
7. Изрендајте го чоколадото како декорација и оставете го колачот во фрижидер да се олади. Колачот исечете го и послужете го.