Лененото семе е одлично за бебињата
Лененото семе е одлично за бебињата
Ленот е билка која се користи со векови бидејќи семето е богато со омега 3 масни киселини. Ова семе можете слободно да го вовдете и во исхраната од 8миот месец на бебињата.
• Го штити здравјето
Научниците докажале дека децата кои го конзумирале лененото семе додека биле деца, се многу поздрави од оние кои не го конзумирале. Супстанците од овие билки повеќекратно се добри за: Подобрување на варењето на храната, спречување од опстипација, ефикасно ги уништуваат токсинитие во телото, спречуваат појава на срцеви болести, помагаат во намалување на килограмите.
• Спречува опстипација
Доколку вашето бебе пати од опстипација, овој проблем најлесно ќе го решите ако во неговата кашичка или јогурт додадете една лажица мелено ленено семе. Лененото семе е богато со влакна и супстанци кои помагаат во борбата со мрзливи црева и претставува прочистувач на телото и цревата.
• Го храни мозокот
За вашето бебе да добива доволно незаситени омега-3 масни киселини кои се потребни за развој на мозокот и нервниот систем потребно е неделно да конзумира 3 порции риба. Бидејќи ретко која мајка често на своето дете му дава рибино месо, лененото семе е одлична замена за таа врста намирница. Исто така, само една супер лажица од ова семе, содржи три пати повеќе омега-3 масни киселини од рибата.