Лененото семе е добро и за бебињата
Ленот е растение кое со векови се одгледува поради семето богато со омега-3 масни киселини. Може да се додаде во бебешката храна од осмиот месец …
* Го штити здравјето
Научниците докажале дека децата кои конзумирале ленено семе уште додека биле бебиња се поздрави од децата кои не конзумирале. Ова растение го подобрува варењето, спречува појава на запек, ефикасно ги уништува токсините, спречува појавата на срцеви заболувања и дебелина во позрела возраст, како и многу други болести.
* Лечи запек
Ако вашето бебе пати од запек, овој проблем лесно ќе го решите ако во неговата каша или јогурт додадете една лажица мелено ленено семе. Тоа е богато со диетески влакна и со состојки кои ќе ги активираат “мрзливите” црева, чистејќи ги и помагаајќи во нивно празнење.
* Го храни мозокот
За да вашето бебе добива доволно незаситени омега-3 масни киселини кои се неопходни за развојот на мозокот и нервниот систем,би требало да изеде три порции сина риба неделно. Бидејќи ретко која мајка толку често му дава риба на бебето, лененото месо е одлична замена за овој вид на храна. Имено, само една супена лажица од ова семе содржи три пати повеќе омега-3 масни киселини од наведената количина на сина риба.