ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Летување со дете: Кое превозно средство да го изберете?
    Летовање со дете: Кое превозно средство да го изберете?

    Летување со дете: Кое превозно средство да го изберете?

    Кога го водите детето на одмор, неопходно е да  обезбедите најбезбеден начин на патување.

    Едно треба да се има на ум, да уживате со детето на одмор, и не заборавајте, насмевката на вашето дете, само оваа година изгледа вака. Веќе следната година, рачињата ќе бидат поголеми и приказните ќе бидат сосема различни.

    Авион

    Несомнено е дека авионот е најбрз и најбезбеден начин за патување, повеќето деца уживаат во летот и ова е навистина посебно искуство за нив. Иако се смета дека бебето лошо го поднесува летањето, ова не е вистина. Промените во притисокот, кога полетуваат и слетуваат, можат да бидат непријатни за децата, па затоа треба да им ја објасните природата на проблемот и да ги научат едноставни маневри кои го неутрализираат непријатното чувство. На бебињата треба да им се даде цуцла или шише.

    Автомобил

    Ако го возите детето или бебето на пат со автомобил, мора да имате соодветно седиште. Тие треба да бидат цврсто фиксирани за задното седиште на автомобилот. Задолжително врзувајте го бебето во седиштето. Седиштето кое не е фиксирано – не е безбедно!

    Климатизација

    Ако немате климатизација во автомобил, треба да се заштитите себеси и децата од прегревање. Ако сте “ноќна птица”, појдете на патување во вечерните часови. За деца најдобро е да патуваат ноќе, но многу возачи не сакаат да патуваат во мракот, па затоа е идеално да тргнете рано наутро. Ако имате клима уред, единственото нешто што треба да имате на ум е да нема голема разлика во температурата, во автомобилот и надвор.

    Заштитници

    На задните странични стакла треба да бидат поставени заштитници, од УВ зрачење за заштита на бебето од сончевите зраци.

    Пауза

    Тие треба да се прават на секои 150-200 км и почесто ако бараат децата. Секогаш извадете го бебето од седиштето и прошетајте го малку на свеж воздух, така што тоа и неговата позиција и амбиент ќе се променат, секако ќе биде подобро за да го продолжите патувањето.

    Автобус

    Тоа не е идеално средство за патување со бебиња и мали деца. Меѓутоа, ако нема друго решение, треба да изберете агенција која гарантира добар автобус. Покрај тоа, не заборавајте да земете посебно детско седиште. Една од придобивките е тоа што најчесто се патува ноќе, па децата можат да спијат. Вие не треба да се двоумите да побарате дополнителна пауза за детето

    Воз

    Тоа може да биде многу удобно средство за транспорт, под услов да користат вагони за спиење. Патувањето со деца надвор од вагон за спиење е сосема несоодветно и останува само како резервна опција за неизбежни ситуации.