ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  ЛЕТУВАЊЕ СО ДЕТЕТО – АПТЕКА ЗА ПО ПАТ
    ЛЕТОВАЊЕ СО ДЕТЕТО- АПТЕКА ЗА ПО ПАТ

    ЛЕТУВАЊЕ СО ДЕТЕТО – АПТЕКА ЗА ПО ПАТ

    Аптека за по пат

    Лекови за намалување на температура-антипиретици, парацетамол или ибупрофен се лекови кои ефикасно ја намалуваат температурата. Сирупите се добри, ако детето не повраќа, а ако сепак тоа се случи, потребни се чепчиња парацетамол. Чепчињата не се користат ако детето има пролив, бидејќи додатно ги надразнуваат веќе надразнетите црева.

    Лекови против алергија-антихистаминици. Алергиите не се ретки на летување, бидејќи се работи за акутни реакции, важно е брзо да се реагира. Затоа треба да имате антихистиминик сируп: Лоратадин (Кларетине или Пресинг) или нов лек Аериус. Овие лекови се многу ефикасни за вообичаени алергии, а можат и да ги намалат болките кога ќе се јават изгореници од сонцето. Може да се земат во случај на касање од комарци.

    Капки за нос

    Правите настинки се ретки на летување, но може и да дојде до нив. Затнатиот нос му смета на детето а особено на бебето. Покрај отежнувањето при земање на храна, може да дојде и до воспаление на увото. За бебе е добар раствор Ефедрина 0,5%, а поголеми деца може да користат појаки капки за деца (Оперил….). капките не се даваат повеќе од 3-4 дена, што е сосема доволно, летната настинка да помине.

    Антибиотици

    Иако не треба антибиотиците да се даваат напамет, не е лошо да се има сируп со антибиотик од широк спектар, поготово ако патувате во странство. Обавезен е преглед или барем консултација со лекар.

    Не е лошо да се има и некоја антибиотска крема (Енбецин, Гентамицин..) бидејќи не ретко со промена на амбиентот децата добиваат и некоја инфекција на кожата.

    Лекови за надополнување на течноста (за повраќање и пролив)

    Повраќањето и проливот се на прво место меѓу непријатните болести што детето може да ги добие на летување. Без оглед на возраста, столб за лечење е да се надополни течноста. Еден од лековите е хумана електролити, ги има повеќе на пазарот и пред употреба прочитајте го упатството, по кое треба да се придржувате.

    Пробиотици-лекови за регулирање столица

    Пробиотици се препарати кои содржат добри бактерии-тие на цревата им помагаат во варењето и допринесуваат за формирање на нормална столица. Затоа ако детето има пролив, овие лекови помагаат за нормалната функција на цревата. Една врста на пробиотик е Линекс. Линекс за бебиња лесно може да се раствори во вода и нема штетни дејства.

    Повидон, стерилна газа и фластери

    Ова ви е неопходно ако детето падне, се исече или слично.

    Репеленти и лекови за ублажување ако го касне инсект.

    Репеленти се растерувачи на инсектите. Кога се нанесуваат на кожата, ги одбиваат инсектите, Аутан и слично.

    Постојат разни гелови кои ја ладат кожата после каснување на инсектите, но го ублажуваат и воспалувањето, еден од лековите е Хипер хама гел.

    Спреј против каснување

    Нежната осетлива кожа е посебно осетлива на лето. Големите горештини, потењето, капењето во солена вода, играњето во песок и шетањето во природа често може да придонесат за да дојде до касање од инсекти. Спрејот против каснување од комарци и други инсекти треба секогаш да се има при рака.