ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Лева и десна страна од мозокот – како да му помогнете на детето да го постигне својот полн потенцијал
    Лева и десна страна од мозокот – како да му помогнете на детето да го постигне својот полн потенцијал

    Лева и десна страна од мозокот – како да му помогнете на детето да го постигне својот полн потенцијал

    Вашето бебе го има целиот потенцијал за да изгради креативна реалност и тоа е најубавата вистина.

    Роџер Спери во втората половина на 20-тиот век направил истражување кое го променило мислењето за сфаќањата на мозокот на бебето. Така станал и добитник на Нобеловата награда.

    Ставајќи капи од мрежи на електрични жици на главата на своите студенти кои ги користеле сите свои капацитети во различни активности, дошол до многу битни резултати. Мозокот ги дели активностите на две категории. Едната група активности ја превзема левата страна на мозокот а другата десната страна на мозокот.

    Левата страна на мозокот била активна кога мозокот се занимавал со: логика, броеви, зборови, линии и анализи. Десната страна на мозокот била активна кога мозокот се занимавал со: ритам, бои, слики, мечтаење и воочување на целината.

    Вашето бебе го поседува целиот расположлив потенцијал за да изгради креативна реалност и тоа е најубавта вистина.

    Професорот Роберт Орнштајн со истражување докажал дека развивањето на двете групи на активности доведува до мултипликација на основниот капацитет.

    Што значи тоа?

    Ако од вас бараат да претрчате една патека користејќи го својот полн потенцијал (рацете, нозете) со цел снимање (мотив за достигнување), вие ќе се покажете најдобро што можете и ќе постигнете резултати за најдобар тркач. Во вториот дел на експериментот можеме да ви ја врземе десната рака со левата нога (нема да го спомнуваме снимањето) и вие ќе користите само половина од својот капацитет. Нема да се трудите, ќе ви биде смешно, можеби и нема да пробате, а ако пробате ќе бидете 100 пати понеефикасни. Истото се случува и со мозокот на вашето бебе.

    Ако на вашето дете му е дозволено да ги користи сите свои капацитети кое ги добило со раѓањето, тоа ќе му помогне да ги развие своите сопствени способности и да ги совлада вештините потребни да се чувствува успешно и исполнето.

    Алберт Анштајн ја комбинирал логиката, броевите, аналитичкиот капацитет со способноста за имагинација и мечтаењето и така ни ја подарил теоријата за обликот и структурата на релативитетот. Тој рекол: верувам во интуиција и инспирација.

    Ако сакаме до максимум да го развиеме капацитетот на своето бебе, мораме да му помогнеме да ги користи сите мозочни вијуги кои и му се подарени со раѓањето.

    А на кој начин ќе му помогнете на вашето дете да го постигне својот полн потенцијал?

    Ако вашето дете сака да направи маска за маскенбал, прво дајте му задача да направи скица, пресметка, мерки на хартија, потоа да пресмета што ќе му треба од материјал, со што ќе го прицврсти материјалот. Поттикнете го да ги користи двете раце на пример вилушка и нож, да лупи јаболко, да црта со лењир… важно е двете раце да бидат вклучени во изработка на посакуваниот производ. Охрабрете го детето да црта прво со едната а потоа со другата рака и да ги спореди цртежите, да црта со двете раце, да скока со една па потоа со другата нога, да се облекува со една врзана рака па со другата, за да се види со која е поспретно.

    Имајте на ум дека вашето бебе доаѓа со голем потенцијал кој чека прилика да биде развиен!