
Лева или десна рака ?
Лево или десно?
На возраст помеѓу 12-16 месеци детето, веројатно, ќе се служи со двете раце подеднакво. Некои деца почнуваат да покажуваат со која рака сакаат да се служат кога играат, јадат или пијат, но повеќето не се служат постојано со една рака се додека не наполнат 3 години.
Со која рака ќе се служи детето главно генетски е определено. Ако двајцата родители се десничари, можноста и нивното дете да биде десничар изнесува 98%. Ако едниот родител е левучар, можноста и детето да биде левучар изнсува 17%, а ако двајцат родители се левучари, можноста се зголемува за 50%. Не обидувајте се намерно да влијаете врз тоа со која рака ќе се служи, ќе се служи со таа рака со која му е најприродно да се служи.