ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Лежете покрај децата додека не заспијат – ќе станат успешни личности
    Лежете покрај децата додека не заспијат – ќе станат успешни личности

    Лежете покрај децата додека не заспијат – ќе станат успешни личности

    Науката покажа дека лежењето покрај детето додека не потоне во сон има многубројни предности за самото дете.

    Треба ли детето да се научи самото да се успие или дали треба да се лежи покрај него додека не потоне во сон е прашање кое секој родител си го поставува себеси. Се покажа дека за детето долгорочно е подобро ако легнете покрај него.

    Сузан Краус Витбурн, професорка по психологија од Универзитетот во Масачусетс, тврди дека постојат докази дека “поврзувачкото” родителство им помага на децата да станат успешни возрасни личности.

    “Возрасните кои биле блиски со своите родители живеат посреќно и имаат помалку конфликтни ситуации. Постојат дури и истражувања кои сугерираат дека поради тоа и самите се подобри родители”, напиша таа за Psychology Today.

    Мајкл Лампорт Комонс од Харвард, кој пред девет години спроведе истражување на тема одгледување на деца и “поврзувачкото” родителство истакна: “ Предностите се помалата изложеност на стрес кај децата, што влијае на развојот на мозокот и подоцнежните реакции на стрес. Се покажа дека тоа го намалува проблемот на менталното здравје во подоцнежниот развој. Друга важна корист е поврзаноста, поради која детето ќе знае дека во контактот со родителот ќе пронајде утеха. Децата ќе бидат поуспешни во основните развојни задачи и односите со врсниците во училиштето”.