Лично, интимно и едукативно. Ин Витро оплодувањето, секојдневието во светот! (ВИДЕО)
Велика Британија но и голем број на земји во светот меѓу кои во Македонија е во “криза” со плодноста. Затоа се повеќе млади луѓе бараат третман кој ќе им помогне да го добијат својот неостварлив сон, бебе. За среќа и во Македонија процесот на IVF е во исклучително нагорна линија и сме во тек со најновите третмани.
Ричард Макер, продуцент, поминува три месеци во Центарот за фертилитет Хјуит во Ливерпул, една од најголемите клиники за плодност во Велика Британија. Тој се сретнува со гинеколог, професорот Чарлс Кингсленд, кој верува дека немањето на дете е болест што го уништува општеството. Секој ден, Кингсленд и неговиот тим “жнеат” женски јајца, додека мажите се праќаат во “мастербаториум”.
Во лабораторијата, Мацер ги пронаоѓа научниците кои секојдневно вршат длабок чин на зачнување, ги собира јајцата и спермата во мали пластични садови од Петри. Филмот ги следи и раскажува приказните за четири двојки кои го следат сонот за забременување, но од перспектива на персоналот.
Какво е секојдневието на персоналот да се вклучи во создавање на нов живот? Дали некој се приближува кон играњето со Бога?
Погледнете го овој исклучителен филм и ќе научите многу за процесот низ кои поминуваат и партнерите иии процесот на IVF.