ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Листа на песни и композиции кои бебињата ги обожаваат кога се во стомакот на мајката.
    Листа на песни и композиции кои бебињата ги обожаваат кога се во стомакот на мајката.

    Листа на песни и композиции кои бебињата ги обожаваат кога се во стомакот на мајката.

    Листа на песни и композиции кои бебињата ги обожаваат кога се во стомакот на мајката.

    Иако се во тек на развиток, бебето во стомакот на мајката и тоа како има развиен истенчен вкус за музика и точно знаат што им се допаѓа а што не. Погледнете кои песни и композиции се најдоа на топ листата за фетусот.
    Адел и Шакира се можеби планетарно популарно пеачки, но нивната музиката на бебињата во стомакот на мајката не им се омилени.
    Бебињата во стомакот најдобро реагираат на класичната музика, но научниците од шпанска клиника за плодност, отишле еден чекор напред и направиле истражување која музика фетусот најмногу ја сака. Во текот на истражувањето споредувале реакции од 300 фетуси меѓу кои пуштале класична, традиционална и поп-рок музика.
    Секој фетус бил изложен на микс од 15 песни од три жанра. Најголема реакција предизвикала класичната музика со 84%, потоа традиционалната со 79%, а најмала реакција предизвикала поп-рок музиката со 59 проценти.
    Музиката од секогаш претставувала облик за комуникација меѓу луѓето. Комуникацијата на звуковите, гестикулациите и танцот биле присутни пред говорот. Првиот говор бил повеќе музикален отколку вербален, а со бебињата сеуште разговраме со висок, пискав глас. Знаеме дека бебето реагира на таков тон и се свесни дека им се обраќаме. 
    Иако фетусите најдобро реагираат на класиката отколку на музиката од оваа доба но и неколку од поп-рок хитовите поминале многу добро. На пример, песната од Моцарт “мала ноќна музика”, предизвикала реакција кај 91 процент од бебињата, но исто така 90 проценти од бебињата изреагиралеи на “Bohemian Rhapsody” од QWEEN. Бах, Прокопиев, Штраус, Бетовен предизвикале реакција кај 72 до 87 проценти од фетусот и класиката ја довеле на врвот на листа. Традиционалните афрички бубњеви, јапонска, индијска и мексичка музика се во средина, а најлошо прошла Шакира. Нејзината “Waka Waka” можеби може да ја разигра популацијата и децата, но 50 проценти од фетусите ги има оставено потполно индиферентни. Адел со “Someone like you” успеала да размрда само 60 % од фетусите.