• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Листа на работи што треба да се направат пред породување
Листа на работи што треба да се направат пред породување

Листа на работи што треба да се направат пред породување

Породувањето се ближи, и вие не сте сигурни дали сте направиле се за да бидете сигурни дека сте подготвени да го дочекате тој ден. Еве мал подсетник …

Следете курс за бремени жени

Веројатно најголемиот дел од она што ќе го слушнете на курсот веќе го знаете, но секогаш има мали совети кои можат да ви бидат од голема помош.

 

Запознајте се со основите за доењето

Иако доењето најдобро се учи во пракса, малку теоретска позадина ќе ви дојде добро за да знаете што треба да направите кога ќе се појават проблеми со доењето.

 

Подгответе го креветчето

На секој му треба мирна средина за добар сон, така што во исто време, уредете го аголот за новиот член на семејството. Бидејќи постелнината ќе ја собира прашината, партнерот може да ја намести одека се наоѓате во болница, а можете да подготвите сè друго многу порано.

 

Спакувајте ја торбата

Не ја претрпувајте торбата со непотребни работи. Најдобро е да направите листа на она што треба да носите во болницата во тоа време. Од ден на ден најверојатно ќе додадете нови работи и ќе ги отстраните старите од листата. Кога е конечна, подгответе ја торбата и ставете ја во плакарот.

 

Разговарајте со вашите пријатели и семејството за вашиот избор

Дали сакате сите да дојдат да ве посетат во болница, или само партнерот – изборот зависи од вас. За својата одлука известете ги навреме за да избегнете непријатни ситуации.

 

Однапре подгответе ја храната

Ако имате доволно енергија и време, би било добро однапред да ги подготвите оброците и да ги ставите во замрзнувачот. Значи, во првите денови по раѓањето, ќе имате ручек кој само треба да го подгреете.

 

Исперете ја облеката за бебето

Постелнина и облека најдобро е да се исперат само една недела или две пред раѓањето да не фатат прашина. Изберете ја високата температура и поблаги средства за алиштата. Препорачливо е да се користи Sensitive детергент и Sensitive омекнувач специјално развиен за чувствителна кожа. Овие производи се дерматолошки тестирани и препорачани од Европскиот центар за алергиски истражувања (ECARF).

 

Изберете педијатар

Разговарајте со луѓе кои имаат деца, побарајте препораки и на време изберете педијатар.