Љубовни хормони
Кога бебето ќе дојде на свет, вие како новопечена мајка ќе бидете “преплавени” со окситоцин. Кога е во прашање породувањето окситоцинот пред се има улога да ви помогне побрзо да заборавите на породилните маки и што побрзо да се посветите на своето малечко со грижа и љубов. Меѓутоа окситоцинот не е единствениот љубовен хормон.
Допаминот, кој е главна “состојка” на чувството на задоволство, исто така игра важна улога во поврзувањето со детето. Кога го гушкате, лулате или храните вашето бебе, и кај вас и кај него се излачува овој хормон. Додека вие уживате благодарејќи на лачењето на допаминот, тој за вашето бебе има уште поголемо значење затоа што допринесува за емотивното поврзување на бебето за вас.