Љубовта на бабата кон првото внуче е најсовршената љубов на светот
Љубовта на бабата е најискрената, најчистата и најубавата љубов во животот на детето.
Една кинеска поговорка вели: Најсовршената љубов е љубовта на бабатакон првото внуче. И тоа е вистина. Класичната слика на бабата е изменета но таа засекогаш ќе завзема важно место во животот на детето.
Кога ќе го добијат првото внуче некои жени чувствуваат дека со тоа започнува нивната старост. Меѓутоа, првиот контакт со малото дете им го исполнува животот и му дава смисол на истиот. Бабите тогаш осознаваат дека не само што одгледале сопствени деца, тие доживеале да видат и продолжение на нивната лоза.
Бабите се трудат да бидат подршка и помош во животот на малото ново човече
Имајте на ум дека бабите денес водат активен живот а многу од нив сеуште работат, покрај другите улоги кои ги имаат во животот.
Кога жената ќе ја достигне оваа фаза, односот помеѓу мајката и ќерката се зајакнува. Тие стануваат пријателки, спремни да ги разменуваат искуствата.
Треба да споменеме дека бабите играат важна улога во животот на своето внуче, тие им се голема емотивна подршка. Затоа родителите треба да го признаат нивниот труд и да бидат повнимателни спрема повозрасната генерација.
Треба тоа да го всадат и во своите деца.
Бабите сакаат да ја придобијат љубовта на своите внуци и да им посветат што повеќе време. Тие се полни со нежност, но се трудат да пронајдат рамнотежа помеѓу приврзаноста и слободата, не губејќи ја притоа својата волшебна улога.
Какви се вашите најубави спомени на бабата?