ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Лубеница – добра за здравјето и расположението на децата
    Лубеница - добра за здравјето и расположението на децата

    Лубеница – добра за здравјето и расположението на децата

    Лубеница – е совршен симбол на летото и нејзиниот единствен вкус и арома непогрешливо нè асоцираат на жешките летни денови и опуштена атмосфера.

    Разладената лубеница на коцки и послужена во сад е совршен летен десерт за сите возрасти. Ако, пак, имате градина или тераса, ви препорачуваме да им исечете на децата големи полукружни парчиња со кора  и да ги оставете самите да се справат, додека сладок, леплив сок им тече по брадата и рацете. Ако додадете малку добро расположение, му дадовте на вашето дете незаборавни детски спомени.

    Лубеницата содржи 94% вода, поради што е добра за телото да го рехидрира организмот. По состав е речиси слична како дињата, имаат иста количина на шеќер (5,9g на 100g лубеница), но има малку посиромашни вредни активни состојки, витамини и минерали. Содржи мала количина на диетални влакна, кои се добри за варењето на храната.

    Она што ја прави различна е антиоксидантниот ликопен, кој и дава убава црвеникава боја и го има многу повеќе одколку кај дињата. Ликопенот има корисен ефект врз организмот на детето, бидејќи има антиканцерогени својства и има корисен ефект врз видот.

    Лубеницата, исто така, има позитивни ефекти врз крвниот притисок, а воедно е корисна и за бубрезите.

    Количината на лубеница, која детето треба да ја внесува во текот на денот варира во зависност од возраста, и дали ова е единствено овошје внесено во текот на денот. Препорачаната количина е од 200 гр за најмладите до 400 грама за адолесцентите.

    Вредни активни состојки што се наоѓаат во 100г лубеница се :

    4Kcal – 27.18

    Белковини – 0,4г

    Масти – 0.1g

    Јаглехидрати – 6 гр

    Диететски влакна – 0,4g

    Калциум – 6,7 мг

    Железо – 0,3 мг

    Фосфор – 8,5 мг

    Витамин А – 3 мг

    Витамин Б1 – 0,03 мг

    Витамин Б2 – 0,02 мг

    Витамин Ц – 6.2 мг

    Лубеницата, дињата и слично, кои припаѓаат во зеленчук, со истата група како и краставици, тиквички и тиква, познати се под  ботаничкото име Cucurbitaceae.

    Како и секоја нова храна, лубеницата треба внимателно да се внесе во детската исхрана поради опасноста од алергија.