ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  М-р Ивана Урдаревиќ –логопед, специјален едукатор и рехабилитатор
    М-р Ивана Урдаревиќ –логопед

    М-р Ивана Урдаревиќ –логопед, специјален едукатор и рехабилитатор

    М-р Ивана Урдаревиќ –логопед, специјален едукатор и рехабилитатор пишува специјално за читателите на Babyshop.mk

     АЛАЛИЈА

    Алалија е состојба на потполна неразвиеност на говорот кај децата кои имаат зачуван слух, но кои не се во состојба да ја разберат говорната порака заради перцептивните пречки настанати при оштетување на дисфункција на Ц.Н.С на ниво на репрезентативни кортикални области.

    Типови на алалија:

    – Сензорна импресивна, аферентна

    – Моторна експресивна, еферентна

    Сензорна алалија:

    Клиничка слика:

    *Недоволно зборуваат за своја возраст,

    *Некои се повлечени, срамежливи и недружељубиви

    *Некои се плашливи, плачливи со повремени напади на вресок, фрлање на земја

    *Склони се кон тоа да кинат, расфрлаат

    *Тешкотии во концентрација на внимание

    *Покажуваат неспособност да разберат говорна порака

    *Незнаат  да си играат ниту да се дружат со другите деца

    Децата со сензорна алалија се исклучително склони кон фрустрација особено во бучен простор, па потребно е да се заштитат од многу јаки стимулации.

     

    Моторна алалија:

    Клиничка слика:

    *Го разбираат говорот на средината во која живеат

    *Имаат развиен внатрешен говор на ниво на проста реченица

    *Комуницираат со гестови

    *Распологаат со вокали кои не се скоро секогаш диференцирани

    Истражувањата покажале дека и децата со моторна алалија не ги разбираат сите зборови, особено зборовите кои имаат апстрактно значење или зборови кои поретко се употребуваат.

    Откриено е дека 87% од децата кои се изложени на јазична стимулација од 12 месец од животот значително напредувале и покажале забрзано темпо на развојот во споредба со тест – нормите. Децата кои биле јазично стимулирани помеѓу 15 и 27 месец покажале побрз развој отколку децата кои биле стимулирани помеѓу 3 и 12 месец. Овие прелиминарни резултати претпоставуваат дека раната јазична стимулација може да биде подобра ако се почне во 15-от месец од животот, а не порано и заради тоа клиничките настојувања треба да бидат фокусирани на идентификација на децата со комуникациски пречки. Педијатарот е најчесто првото стручно лице кое доаѓа во контакт со новороденчето и го проценува па така има одлучувачка улога во раната идентификација на децата со пореметување во комуникацијата. Вежбите за децата кои не зборуваат се предвидени со програма и имаат за цел да развијат елементарна координација на движења, акустичко и визуелно внимание, сваќање на зборовите и почетно прозборување