Магнезиум во бременоста
Познато е дека за време на бременоста, а посебно во другата половина, доаѓа до промена во концентрацијата електролити, па со самото тоа се намалува нивото на ќелиски магнезиум.
За децата и трудниците минералот магнезиум има непроценлива важност, а како ни покажуваат истражувањата, недостатокот на овој минерал може да доведе до пореметување на повеќе од 300 ќелиски реакции.
Познато е дека за време на бременоста, а посебно во другата половина, доаѓа до промена во концентрацијата електролити, па со самото тоа се намалува нивото на ќелиски магнезиум, чиј недостаток може да доведе до значајни здравствени проблеми, како и до појава на хипертензија.
Можно е, исто така, поради намалувањето на овој минерал да дојде до пораст на раздразнувањето на мускулот на матката и појава на предвремени контракции, што во бременоста е најмалку пожелно.
Предвременото породување може да биде предизвикано од многу фактори, а еден од нив е и пореметувањето на електролитите магнезиум и калциум, предупредуваат стручните лица.
Затоа секоја трудница треба да обезбеди оптимален баланс на минерали, олигоелементи и витамини. Со одржувањето на интраќелиските процеси во оптимален однос, се создаваат услови за безбедна бременост до самиот крај и подготовки на плодот за квалитетен живот после породувањето.
Докажано е дека тукушто новородените деца кои имаат проблем со конституцијата, крварење во мозокот, како и проблеми со промените во тонусот на мускулите, немаат оптимален физиолошки однос на магнезиум и калциум во крвта.
Несаканите појави можат да се спречат со добро избалансирана исхрана на трудницата, односно со внесување на препорачана количина на млечни производи богати со калциум, која треба да ја одреди лекар. Се препорачува и земање на благоминерални води.