ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Мајчиниот глас може да го утеши своето бебе и преку телефон
    Мајчиниот глас може да го утеши своето бебе и преку телефон

    Мајчиниот глас може да го утеши своето бебе и преку телефон

    Голем број од мајките по 9 месеци од раѓање на бебето мора да се вратат на работа, па нивните бебиња треба да ги остават на бабите, дадилките или во градинка.

     Тоа за мајките на почетокот е многу тешко бидејќи треба да се оделат од своето дете со кое во изминатиот период постојано заедно го поминувале времето.

     Но, не само за мајките, тоа е огромна промена и за бебето која треба да ја прифати. 

    На почетокот може да има потешкотии па детето постојано да плаче, бидејќи му фали неговата мајка. 

     Но, може да се опуштите бидејќи вашето бебе може да го смирите и преку телефон додека сте на работа.

     Кога бебето ќе го слушне гласот дури и преку телефон тоа веднаш има смирувачко дејство како гушкањето.

     

     Ова истражување е спроведено од страна на американски научници кои што истражувањето го спровеле на 60 женски бебиња. 

     Сите 60 бебиња биле изложени на стресна ситуација. Дел од нив се смирување преку гушкање, дел преку телефонски разговор преку кој ја слушале својата мајка како им зборува, а пак трети преку гледање на цртани со пингвини.  

     Од целото истражување, се докажало дека бебињата кога го слушаат гласот на мајката дури и преку телефон се предизвикува лачење на хормонот окситоцин кој е потполно еднаков со истото чувство кое го добиваат девојчињата кога нивната мајка ќе ги гушне. 

     Пред да се спроведе ова истражување, било докажно дека хормонот окцистоцин се лачи само кога мајката ја гушка својата ќеркичка.