• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Мајчините раце се магични
Мајчините раце се магични

Мајчините раце се магични

Едноставен начин да ги ублажите симптомите на настинка кај бебе

Нежниот допир на мајчините раце помагаа детето да се смири и подобро да се чувствува доколку е настинато. Голем број на лекари препорачуваат масажа на лице кај детето и тврдат дека може да ублажи или пак да ги оттргне симптомите од страв. Најважно од се е, никогаш да не го масирате вашето дете доколку се противи и доколку во моментот тоа не му создава лагодно чувство.
Еве неколкку совети како да го масирате вашето наситано дете.
1. Фатете го главчето на детето од страна, ставете ги палците на слеоопчниците на детето и благо притискајте ги јаболчниците со прстите. Потоа масирајте ги слепоочниците надолу по линија која оди се до образите. Направете мали кругови во смерот на сказалките на часовникот.
2. Завземете положба во која вашите прсти ќе бидат на устата на детето, па спуштајте со рацето, со благ притисок према брадата, зафаќајки ги и образите. Повторете го ова и во спротивен смер-од брадата кон ушите. Најдобро е оваа масажа да ја повторите 10 пати.


3. Притиснете ги благо прстите на дел од лицето, помеѓу ноздрите и образите. Повлечете од горе-надолу и обратно, префрлајќи се преку јаболчниците и спуштајќи се до усните. Повторете го ова 10 пати.
4. Повлечете ги нежно образите нагоре, како да сакате да го натерата вашете дете да се смее, а потоа повторно пратете се на линијата на усните. Повторете ја оваа масажа десет пати, со сосема благ притисок и никогаш не масирајте на сила-нема ефект.