ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Мајката, својот најголем непријател!
    Мајката

    Мајката, својот најголем непријател!

    Како треба да изгледа совршена мајка? Не знам. Но знам како мајката мисли дека треба да се однесува, како да изгледа, што да прави.
    Се она што не треба!
    Мајката мисли дека треба да ги анимира децата, да си игра со нив, да учи со нив.
    Мајката чита книги, блогови, текстови за родителство, воспитување, дисциплина и дава се од себе најдоброто да го примени, зошто нејзините деца заслужуваат најдобро.
    Мајката мисли дека домот треба да е беспрекорно чист, да нема тронка прашина, постелнината да е затегната како во војскa.
    Мајката мисли дека целото нејзинот семејство треба да се храни здраво, секој ден да има зготвена храна поминувајќи часови во кујната, секој ден да има нешто слатко, а понекогаш и нешто вонредно да се почастат.
    Мајката мисли дека треба редовно да ги пере и пегла сите во домот (бидејќи кој тоа би го направил ако не она).
    Мајката мисли дека ако сето тоа таа не го направи, домот ќе се распадне.
    Мајката мисли дека е срамота доколку некој од страна оцени дека не е доволно вредна, организирана, способна…
    Мајката мисли дека не е во ред да носи шорц или кратка сукња, бидејќи се срами од вишокот килограми кои ги добила за време на бременоста. Размислува за тоа што би рекле пролазните лица кога ќе ја погледнат таква како ја бутка количката.
    Мајката мисли дека треба да се изгладнува држејќи диета, којзнае која по ред, бидејќи само слаба мајка може да биде оценета како мајка ипол.
    Мајката мисли дека треба да даде брдо пари за разни креми кои ќе и помогнат да ги отстрани стриите и да го намали целулитот. Мисли дека успешните мајки секогаш изгледаат дотерани, а таа тоа не е, бидејќи не може да стигне се да направи.
    Мајката мисли дека е нормално да е уморна, бидејќи има деца.
    Мајката мисли дека е нормално да се шегува на своја сметка дека никогаш повеќе нема да се наспие.
    Мајката мисли дека одморот е луксуз кој таа не го заслужува.
    Мајката заборава дека ако туѓите потреби се пред нејзините, дека нејзините не треба да исчезнат.
    Мајќата често фантазира, но ретко сонува.
    Мајката мисли дека таа мора се, па дури и кога не може.
    Мајката заборава дека нејзината сила има извор во нејзе самата, а не во магичната крпа, маскара и облека. Дека нејзината сила е во нејзината глава, а не во туѓите зборови.