ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Мајки дали сте знаеле дека: Доењето согорува до 500 калории дневно
    Мајки дали сте знаеле дека: Доењето согорува до 500 калории дневно

    Мајки дали сте знаеле дека: Доењето согорува до 500 калории дневно

    Доењето не е секогаш лесно, но затоа е инстиктивно. Можеби не сте знаеле, но доењето им помага на мајките да ја вратат старата тежина.

    Првото нешто со кое мајките се соочуваат после породувањето е доењето. Новороденчието кое во првите неколку саати после породувањето го поминува најголемиот дел од времето во рацете на мајката и до града, голема е веројатноста да почне само, инстиктивно да ја бара се повеќе мајчината града. 

    Но, можеби не сте знаеле дека со доењето дневно се губат 500 калории. Освен тоа, доењето троши околу 25% од енергијата на телото, додека мозокот секојдневно троши 20%. Без разлика на тоа дали мајката и десничар или левичар, поголема е веројатноста дека во десната дојка ќе има повеќе млеко- барем кај две третини од мајките е така. 

    Во текот на доењето се произведува хормонот окситоцин кој ги опушта и мајката и бебето, а вкусот на млекото зависи од она што мајката јадела. 

    Истражување покажало дека детето е склоно да бара да ги проба оние намирници кои мајката најмногу ги јадела додека го доела бебето.  

    Поради тоа, интересно е дека млекото се менува во зависното од потребите на детето. Најпрво се произведува леплив, жолто/бел колострум кој е богат со протеини. Неколку дена покасно, млекото станува по воденасто и може дури да биде со светло сина боја, а покасно да стане густо и помасно, кремасто бидејќи детето треба да зајакнува односно да порасне. 

    Количината на млекото која мајката го произведува нема врска со нејзината големина на гради.